четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

„БАРАМЕ ВЕНТИЛАЦИЈА, КОЛАБИРААТ ЛУЃЕ И ПЕРСОНАЛ“: Медицинските лица молат за вода и вентилација, а министерот вели дека вакцинацијата тече под конец

„БАРАМЕ ВЕНТИЛАЦИЈА, КОЛАБИРААТ ЛУЃЕ И ПЕРСОНАЛ“: Медицинските лица молат за вода и вентилација, а министерот вели дека вакцинацијата тече под конец

Иако надлежните, а посебно министерот за здравство Венко Филипче смируваше, а состојбата со КОВИД-19 беше алармантна, болниците преполни, на ден се губеа десетици животи, велејќи дека сѐ е под контрола, сега убедуваат дека и вакцинацијата тече во најдобар ред. Но, состојбата на терен е сосема различна, а тоа го покажуваат и сликите и видеата кои кружат по социјалните мрежи. Тие покажуваат дека вработените и граѓаните кои одат на вакцинација се изложени на голем ризик.

Во вакциналните пунктови, иако температурите се 40+ не е обезбедена ниту вода за пиење, ниту вентилација, а поради тоа многу често се случува граѓаните, а и вработените да колабираат.

Во вибер комуникацијата која ја обезбедивме од групата во која комуницира и се координира медицинскиот персонал кој ја врши вакцинацијата во пунктот Борис Трајковски може да се види дека тие со денови наназад се молат надлежните да им обезбедат основни услови за работа како што се вентилација и вода за пиење, а која според комуникацијата медицинските лица сами ја купувале и им давале награѓаните кои одат на вакцинација.

Медицинските лица во вибер групата се жалат дека од условите во кои работат нивната здравствена состојба се влошува од ден на ден, па ги прашуваат одговорните кој ќе работи ако тие се разболат и одат на боледување. Но, како што изгледа проблемот никој не го решил, па и денеска во медиумите беше објавено видео на кое се гледа како жена се онесвестува во вакциналниот пункт поради високите температури.

Најнови вести