Заради дефект на дистрибутивната топловодна мрежа на улица Загребска, дел од потрошувачите во населбата Водно имаат прекин на испораката на топлинска енергија, соопштуваат од БЕГ.
Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи работат на санација на дефектот, кој се очекува да биде саниран во текот на денот, по што ќе биде нормализирана испораката на топлинска енергија.
-За повеќе информации потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви 3076 200 и 075-400-100, велат од БЕГ.