САД веќе долго време им даваат поддршка на Република Грција и Република Македонија во однос на решавање на спорот со името, истакна амбасдорот Џејс Бејли.
Одговарајќи на новинарско прашање на пауза од првиот Македонски енергетски форум 2018 што денеска и утре се одржува во Струга во организација на АД ЕЛЕМ, рече дека решавањето на овој долгорочен проблем ќе донесе добро за двете земји, но ќе придонесе и за просперитетот и стабилноста за целиот регион.
– Продолжуват преговорите меѓу двете земји со помош на ОН. Со оглед на специфичноста јас ќе им оставам на двете земји да изнајдат заедничко прифатливо решение, кое граѓаните го чекаат долго време, рече Бејли.
Помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел, пак, претходно изјави дека САД продолжуваат да играат тивка улога во процесот на решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција.
– Неодамна зазедовме заеднички став не само за Србија и Косово, туку работиме и на БиХ, на прашањето за името помеѓу Македонија и Грција. Како што напоменав, дел од нашиот тим во моментов работи на ова прашање, а САД продолжуваат да играат тивка улога заедно со ЕУ, Германија и останатите, охрабрувајќи да се најде решение за името, за да ја видиме Македонија како членка на НАТО, рече Мичел во обраќањето на Херитиџ фондацијата, каде ја промовира стратегијата на претседателот Доналд Трамп за Европа.