недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бејта: Moжно е да се одложи датумот за избори

Бејта: Moжно е да се одложи датумот за избори

Според направените анализи од владејачката партија ДУИ можно е изборниот датум 12 април 2020 година да биде одложен. Се зависи од брзината на ратификациjата на договорот со НАТО во парламентот на Шпанија, рече во вечерашното гостување во емисијата Патот кон на Алсат, Невзат Бејта од ДУИ.

„Според анализите што ги правиме, не правиме експерименти со нашите граѓани. Ако се направи ратификација на Протоколот на Преспанскиот договор во шпанскиот Парламент, бидејќи е единствената држава која остана, поправете ме ако грешам, потоа следува постапката каде истата ратификација на Преспанскиот договор треба да се ратификува во нашето Собрание. Ако не се прави со овој состав, тогаш може да се одложи и датумот на избори. Се комплицира процесот на членство на нашата земја во НАТО. Ние сме заинтересирани да се реализира идеалот и духовното барање на граѓаните. Пред да одиме на избори, нашата земја да има знаме и да биде 30-та земја членка рамноправна со другите, рече Бејта.

Најнови вести