сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Беќир Асани повика да се излезе на референдум: Господ да го благослов албанскиот и американскиот народ

Беќир Асани повика да се излезе на референдум: Господ да го благослов албанскиот и американскиот народ

Беќир Асани, кој е познат по неколку скандали во минатото, ги повика граѓаните да излезат на референдумот. Тој во статус на Фејсбук побара благослов до Господ за албанскиот и американскиот народ, но не и за македонскиот.

Фејсбук статус на Беќир Асани:

Драги роднини, пријатели, соборци, сонародници.
Денес (како никогаш досега) сме на прагот на остварување на вековните цели -членство на големото семејство на демократските, цивилизираните и современите држави. Во НАТО и во Европската унија.

Евро-атлантските вредности и евро-атлантската перспектива се столбовите што се воспоставени пред повеќе векови и се потврдија особено од периодот на нашата славна преродба, на еминентните лица на нацијата. Погледот и визијата на Албанците се насочени кон Европа на демократски вредности. Целта и определбата на Албанците е да се интегрираат во ЕУ и во НАТО, кои создаваат безбедност, развој, интеграција на националните вредности, квалитет, перспективи, можности …

Албанците отсекогаш биле будни, храбри и обединети кога станува збор за нивната најдобра иднина. Албанците секогаш го претставуваа доброто, се бореа против злото.
Албанците на Македонија формираа моќни сојузи низ вековите, кон вредноста, погледите, слободата, … Нам, сегашните генерации сѐ уште ни е свеж сојузот на Албанците создадени во 2001 година. Сојузот што на цивилизираниот свет му прати силна порака како се сака татковината, како се брани татковината, како се бараат и добиваат правата и слободите на поединецот.

2018 година браќа и сестри, ни нуди можност за нова преродба, за нов поглед кон цивилизацијата, за прегратка со просперитетна иднина. 2018 година претставува тропање на вратата на куќата на благосостојбата, наречен НАТО и ЕУ.

Дали сме за цивилизација и перспектива за новите генерации, или ќе им дозволиме да бидеме во канџите на мрачните политики кои ни донесоа солзи и црнила низ вековите?

На 30 септември 2018 година, граѓаните на Македонија и Албанците како дел од неа ќе имаат само една врата кон која ќе одат. Таа врата е вратата на гласачкото место за гласање за НАТО и за ЕУ.

Апел до сите роднини, пријатели, соборци, сонародници, сограѓани, да излезат што е можно повеќе на избирачките места. Да се ​​изјаснат за европската иднина, за перспектива на младите генерации, за братската политика на Соединетите Американски Држави и државите на Европската унија.

Апелирам до моите браќа и сестри, барем овој пат, да не ги гледаме политичките партии и кланови на поединци и структури. Да се ​​бидеме како едно. Да гласаме за европските вредности.

Апелирам до политичките субјекти да не калкулираат со судбината на идните генерации. Да се ​​мобилизираат максимално за остварување на европската определба.
Пусти се тие кои ја пропуштаат оваа историска и национална шанса.
Госод да го благослови албанскиот народ. Господ да го благослови американскиот народ и цивилизираните европски народи.

Најнови вести