петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Бекутан“- традиција и љубов која спојува генерации и трае цели 40 години

Приказната за Бекутан започнува далечната 1978-ма година, со само 5 производи наменети за нега на бебешката кожа. Прв во редот беше кремот Бекутан.
„Бекутан“- традиција и љубов која спојува генерации и трае цели 40 години

Брендот кој спојува генерации, миризбата која потсетува на сечие детство, производите кои се хит во цел регион и пошироко. Секако, зборуваме за Бекутан, водечкиот бренд кој празнува 40 години постоење.

Приказната за Бекутан започнува далечната 1978-ма година, со само 5 производи наменети за нега на бебешката кожа. Прв во редот беше кремот Бекутан.

Денес на свечен настан беа претставени низа активности преку кои „Алкалоид“ одбележува четири децении доверба со своите лојални потрошувачи.

-По повод 40-годишниот јубилеј, компанијата одлучи да подготви низа активности наменети за нашите ценети корисници, посебно оние најмалите, меѓу кои: лимитирани трендовски пакувања од добропознатите шампон и пенлива купка, нови форми на водечкиот производ Бекутан крем, кои наскоро ќе бидат достапни на пазарот. Вибер стикери за полесна и поинтересна комуникација, наградна игра со бројни интересни награди, а со оглед на динамиката на брендот, сигурно ќе следуваат и други изненадувања, истакна Маја Мизо, бренд менаџер за „Бекутан“.

Слатки дечиња станаа заштитни лица на брендот и се дел од новата кампања.

-Довербата во брендот Бекутан од 1978-ма година се пренесува од генерација на генерација. Тоа е нашиот најцврст темел за долгогодишна традиција. Формулациите на продуктното портфолио се работени според најновите трендови во медицинската козметологија, во блиска соработка со врвни фармацевти, педијатри и дерматолози во земјава. Со повеќе од 200 милиони продадени парчиња производи, „Бекутан“ е синоним за постојан квалитет, доверба и лојалност. И во иднина, ние како компанија, ќе продолжиме да работиме сериозно и максимално посветено, за оваа наша заедничка успешна приказна да продолжи,  истакна генералниот директор на Алкалоид, Живко Мукаетов.

Рангирани меѓу водечките брендови во сегментот „детска козметика“ на регионално ниво, „Бекутан“ производите се изработени од врвни суровини со проверен квалитет, исклучително благи формулации и уникатни рецептури, сигурни за употреба уште од првиот ден по раѓањето. Севкупниот производен процес се одвива во согласност со строгите стандарди за „Добра производна пракса“. Лидер во колекцијата е „Бекутан“ детскиот крем со продадени над 45 милиони парчиња.

Најнови вести