вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

БЕСА бара изедначување на македонскиот и албанскиот народ: Да, во ЕУ и НАТО како Албанци, а не како процент

БЕСА бара изедначување на македонскиот и албанскиот народ: Да, во ЕУ и НАТО како Албанци, а не како процент

Партиите на Албанците кои се во опозиција го чекаат отворањето на Уставот, за да испорачаат свои барања. Овојпат ќе бараат изедначување на албанскиот со македонскиот народ, па оттаму и мотото на БЕСА на Биљал Касами во предреферендумската кампања ќе биде „Да, во ЕУ и НАТО како Албанци, а не како процент“.

Хоџа не сакаше да открие дали за оваа можност веќе разговарале со премиерот, велејќи дека тоа е втората фаза од целиот процес. Во првата, токму со ова ветување ќе го мотивираат членството што помасовно да излезе на референдумот и да гласа „за“. Раководството на Алијанса за Албанците, пак, ја искритикува владата за скандалите и им порача дека  „За се има алтернатива, само за ЕУ и НАТО –не“.

И двете партии нема да држат класични митинзи, туку ќе имаат трибини и средби со граѓани.

 

извор: telma.com.mk

Најнови вести