недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Беса против Законот за обвинителство на Заев: Ваков како што е, не го гласаме

Беса против Законот за обвинителство на Заев: Ваков како што е, не го гласаме

Законот за обвинителство што во петокот го предложи премиерот Зоран Заев, утре влегува во собраниска процедура. Власта ќе се обиде да стигне до двотретинско мнозинство за да ги протурка измените со кои СЈО станува дел од новоформираното Обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција со надлежност на цела територија на земјата и гаранции за самостојно дејстување, кое одговара на сегашната позиција, а сепак е во хиерархија и субординација на Јавното обвинителство.

Владејачките партии во моментов немаат 80 пратеници, иако, доколку не дојде до договор, ќе се обидат да го применат истиот принцип како и при гласањето за промената на името.

Осумте независни пратеници што тогаш го дигнаа гласот за Преспанскиот договор сега тактизираат и велат дека сѐ уште не го прочитале предлог-законот на Заев.

Од Алијансата за Албанците велат дека за нив прифатливо е само доколку на чело на новото обвинителство дојде човек назначен од Европската унија.

Од Беса, пак, велат дека нема шанси да го подржат законското решение на Заев доколку не претрпи битни измени.

„Преку новиот предлог-закон беше погребано СЈО. Неприфатливо е тоа што ќе нема нови случаи што ќе излезат од т.н. ‘бомби’, односно од прислушуваните разговори. Доколку не се поработи на ново решение, ние нема да гласаме за овој закон“, велат од Беса за „Независен“.

Најнови вести