Министерот за финансии Фатмир Бесими вчера беше гостин во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.
Во еден момент новиот министер од „трема“ не знаеше да одговори на новинарските прашања на новинарката.
Па така кога таа го запраша за кои проекти ќе се кратат пари од Буџетот тој збунето започна да одговара.
-Има кратење и во делот на образование, градење на основни училишта, кои нема да се реализираат до крајот на годината. Има кратење и во Министерството за култура, инфраструктурата…, вели Бесими.
Тој додава дека има кратење и во водоснабдувањето, железничка инфраструктура исто така ќе претрпи кратења на буџетот.
За зголемувањето на ДДВ-то од 1800 на 2400 денари тој вели дека не е разговарано за такво нешто.