Со Бирото за јавна безбедност ќе раководи заменик директорот Бесим Деари откако Лазе Велковски беше разрешен на вчерашната владина седница.
Деари ја извршува функцијата заменик директор во БЈБ повеќе години. Работел на таа функција и во време на претходната власт, па му беше заменик и на Митко Чавков.
Како што велат од МВР новиот директор кој ќе седне на фотелјата по Велковски треба да го предложи министерот Оливер Спасовски и предлогот да се разгледа на владина седница.
За сега во јавноста се вртат неколку имиња за следниот директор на полицијата. Меѓу нив е поранешниот директор на УБК, Миле Зечевиќ, Сашо Тасевски кој е началник на Шестата управа и Кирил Митиќ кој е долго време во МВР.