По повод светскиот ден на туристички водичи, 21 февруари, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници денеска организира бесплатно разгледување на Скопје и Битола.
Бесплатните разгледувања на Скопје ќе почнат во 12, 13 и 14 часот. Појдовно место ќе биде Меморијалниот центар на мајка Тереза, а преку плоштадот Македонија ќе завршат во старата скопска чаршија.
Во Битола бесплатните разгледувања ќе се одржат во 10:00 и 11:00 часот. Појдовна точка на првата тура ќе биде Музејот на Град Битола, а на втората Саат кулата.
-Доколку сакате да го слушнете начинот на кој им ја пренесуваме приказната на странските гости и да се потсетите на богатата култура и историјата на Скопје и Битола, ве повикуваме да ни се придружите и да бидете наши гости на градските тури. Не е потребна никаква најава или резервација, ваше е само да се појавите во еден од предложените термини и заедно да уживаме во едно поинакво саботно утро, велат од Македонската асоцијација на туристички водичи.