По неколку часовното чекање пред граничниот премин Евзони, Грција вчера им дозволи влез на македонските граѓани.
За влез во Грција, независно од државјанството, потребно е да се пополни формулар ПЛФ на веб-страната travel.gov.gr, најмалку 24 часа пред датумот на влез.
Според протоколот за влез, сите граѓани што патуваат кон Грција треба да поседуваат негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа или сертификат за примени две дози вакцини (14 дена поминати од втората доза вакцина). Признаени ќе бидат сите сертификати за извршена вакцинација, додека за деца до 5 години не е потребен ПЦР-тест.
Според моменталните правила граничниот премин Евзони за влез во Грција ќе работи од 6 часот наутро до 22 навечер по македонско време.
Инаку утрово според камерите на граничниот премин нема гужва.