вторник, 19. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Без мандат и кредибилитет, СЈО продолжува со монтирани процеси кршејќи ја презумпцијата на невиност

Без мандат и кредибилитет, СЈО продолжува со монтирани процеси кршејќи ја презумпцијата на невиност

Со завршен мандат и без никаков кредибилитет вчера СЈО во соработка со Канал 5, ги погази сите правни и човечки принципи, објавувајќи 6 нови предмети на кои работи, пишува Република.

Сите тие се насочени кон членови на опозицијата.

Притоа Катица Јанева, наместо на јавна прес конференција да соопшти тоа што има да го каже, таа во емисијата „Вистина“ на Канал 5 се дрзна да обелоденува нови случаи, посочувајќи, наместо со иницијали, со име и презиме лица кои по основ на тие предмети ќе бидат гонети, без никаква презумција на невиност и без никаква докажана вина, пишува порталот.

Врз основа на наводната нивна вина Јанева констатираше дека тие го оштетиле буџетот за дури 80 милиони евра. Во емисијата на Канал 5, таа инстантно ги обелодени новите случаи, однапред пресудувајќи им на лицата чии имиња ги објави јавно, стои во тектот на Република.

Така според Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите отворени се шест нови истраги. Се работи за случаите „Подарок“,  „Пропаганда“, „Дизајн“, „Хармонија“, „Базни Станици“, „Пациент“.

Најнови вести