вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

“Безбедно лето 2023”- Превентивни активности на СВР Тетово “Да ги чуваме нашите шуми”

“Безбедно лето 2023”- Превентивни активности на СВР Тетово “Да ги чуваме нашите шуми”

Полициски службеници на Отсекот за превенција и претставници на Шумска полиција и “Национални шуми” од Тетово денеска спроведоа повеќе планирани превентивно-едукативни и информативни активности, во рамките на кои на неколку пунктови во Тетово на граѓаните им делеа наменски изработени летоци на македонски и албански јазик.

Во летоците се поместени информации и пораки што значат шумите во природата, како да се чуваат и заштитуваат од уништување и посебно од опожарување во летниот период.

На граѓаните, исто така, им било укажано на законските импликации доколку од невнимание или намерно предизвикуваат шумски пожари или неконтролирано се сечат шумите.

Целта на денешните активности, кои минатиот викенд беа организирани и на гостиварското подрачје, е подигнување на еколошката и безбедносната свест на граѓаните, да ги чуваат шумите и да се грижат за нив како природно богатство со големо општествено и друго значење.

Најнови вести