На Факултетот за безбедност – Скопје денеска ќе биде отворена библиотека која ќе го носи името „Јордан Спасески“.
Од Факултетот информираат дека Наставно-научниот совет донел одлука со која библиотеката на Факултетот за безбедност во иднина ќе го носи името Библиотека „Јордан Спасески“.
Проф. д-р Јордан Спасески ја донираше својата библиотека од близу 1.600 книги и други документи од непроценлива вредност.