четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Биљали: Не ми се верува дека само три-четворица се вмешани аферата Рекет

Биљали: Не ми се верува дека само три-четворица се вмешани аферата Рекет

Професорката Арта Биљали- Зендели во емисијата Топ тема на телевизија Телма истакна дека случајот Рекет е преголема афера за да биде осмислена, потикната и спроведена од една толку мала група колку што е бројот на осомничени во моментов од страна на обвинителството.

-Што се однесува до случајот Рекет, видовме, луѓето разговараат за Рекет, има информации кои што кружат во врска со случајот и јас мислам дека истрагата треба да биде сеопфатна. И стојам на тоа што го реков не ми се верува дека само три-четворица се вмешани во таа афера. Мислам дека истрагата треба да биде сеопфатна и сите тие што поддржаа Рекет во овој случај за Империја или во друг случај треба да одговараат. И дури тогаш ќе знаеме колку се другите обвинители, вистинските за да водат такви битни случаи, вели Биљали.

Професорката истакна дека не сака да прејудицира, но има докази, снимени разговори и според нејзината логика единствените инволвирани во Рекет не се само Бојан Јовановски, Зоран Милевски и Катица Јанева туку има и други без притоа да напомене за кого станува збор.

Најнови вести