Центарот за интегративна биоетика при Филозофскиот факултет, со промоција на две книги, ги стартува активностите во рамките на „Биоетичкото кафе“.
На настанот насловен „Биоетиката и литературата“, ќе бидат промовирани „Арката на Ное“ од проф. д-р Ивица Џепароски и „Зоо стории“ на проф. д-р Владимир Мартиновски“.
Воведна реч за односот меѓу биоетиката и литературата ќе одржи проф. д-р Дејан Донев. Делата ќе ги промовира проф. д-р Ристо Солунчев, а извадоци ќе презентираат самите автори.