За првпат се случува медиумски спектакл кога некој од притвор оди во домашен притвор. Кој го нарача тоа? Мислите дека е случајно. И ако не е Заев, некој требаше да понесе оставка. Тоа е така зошто на власта и требаше нешто да се оттргне вниманието од случувањата. Тоа значи дека нешто се случува во тој случај има многу информации, а и шпекулации, рече аналитичарот Сафет Бишевац, поранешен пратеник при гостувањето во „24 Анализа“.
-Детски наивно е да верувате дека Катица Јанева прави се во Рекет, по наговор на Бојан Јовановски. Тоа го нема во цртани филмови. Сегашната осомничена потпретседател на Собранието Фросина Ременски е доволно висок функционер ако се докаже нејзина вина да падне владата, рече Бишевац.
Тој како пример го посочи случајот со Австрија.
-Таму владата падна поради снимка која се покажа дека договорот од снимката и воопшто не се реализирал. Но, самото објавување беше доволно, како и вклученоста на висок функционер да се распушти владата и да се оди на избори, рече Бишевац.