вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бишевац: Државата со Заев пропаѓа, единствената негова константа е лагата, политиканството и слугувањето

Бишевац: Државата со Заев пропаѓа, единствената негова константа е лагата, политиканството и слугувањето

Зоран Заев и владејачкото мнозинство да не употребам тежок збор на криминален начин го обезбедија потребното мнозинство за изгласување на Преспанскиот договор во Парламентот, бидејќи не прифаќам и не признавам било кој да ме убедува дека Крсто Мукоски е убеден демократ и само било тоа причината за неговото гласање во Парламентот, или гласањето осумте пратеници за Преспанскиот договор, рече Сафет Бишевац, поранешен новинар во „Студио 10“.

Бишевац посочи дека единствената константа на Зоран Заев е лагата, политиканството и слугувањето. Тој додаде дека е длабоко убеден во тоа дека актуелниот премиер е практично поставен како извршител на одредена задача. Првиот дел од таа задача тој го заврши, и ако ја немаше реакцијата од граѓаните и опозицијата и договорот со Бугарија ќе поминеше како Преспанскиот договор.

„Власта после третата, четвртата година нема право да се вади со режимот од времето, освен ако не сака да ја скрие сопствената одговорност и сопственото незнаење, сопственото несакање да смени нешто. Што добивме од власта на Заев? И зависи кој дел од СДСМ ќе го прашате. Ако го прашате делот на СДСМ кој што го поддржува Заев ќе кажат дека овде се направени огромни реформи во правосудството, огромни реформи во образованието, јавниот сектор, државата цвета, медиумски слободи итн. Но реалноста е сосема поразлична и друга. Еве ја реалноста, во овие четири години имате два километри автопат изградено“, нагласи Бишевац.

Бишевац истакна дека има дел во СДСМ кој што воопшто не се согласува на начинот на кој што раководи Заев и со државата и со самата партија. И сите граѓани очекуваат Венко Филипче да заврши како сите клучни играчи на Зоран Заев, пример како што заврши Драги Рашковски.

Најнови вести