сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бишевац: Во брзањето со законот за јавно обвинителство се прават серизони грешки

Бишевац: Во брзањето со законот за јавно обвинителство се прават серизони грешки

Дека законот за јавно обвинителство и е важен на меѓународната заедница сега, не мислм дека е баш така. Мислам дека е изговор и јавниот обвинител Јовевски рече подобро да не носиме нов закон, отколу да биде лош, а и Десковска рече еднаш не е од толкава важност. Но, работите се сменија, рече Сафет Бишевац, поранешен пратеник кој учествуваше на дебатата на телевизија 24.

Според него повикувањето на меѓународната заедница за законот е повеќе од страв од изборите.

-Во брзањето со законот се прават сериозни грешки. На сцена е перфиден обид на тивка амнестија на она што ни се случуваше во изминативе години, посочи Бишевац.

Во контекст на зконот и патот кон ЕУ, тој укажа „ако луѓето мислат дека со добивање датум за почеток на преговори ќе станеме веднаш земјата на медот ќе се разочараат“. Во овој контекст Бишевац укажа дека договорите мора да се почитуваат, а „има договор за изборите кои мора да се одржат на 12 април и мора да се распушти и Собранието на 12 февруари“.

Најнови вести