Претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски информира дека рускиот гас во Македонија доаѓа преку турски тек, а не преку Украина.
-Не верувам дека Русија ќе ја прекине испораката. Тоа би било лошо за сите економии, рече Бислимовски во гостувањето на Дневникот на Сител телевизија.
Според него, државата очекува да продолжи испораката на природниот гас, а во однос на цените да има ниво како во последните денови.
-Мораме рационално да трошиме. Во криза мора да се штеди. Не е се исто како претходно. Цените на берзите покажуваат вакво ниво. Светлото на тунелот не го гледаме. За 2023, анализите покажуваат дека може да дојде до четирикратно зголемување на гасот. Мора секој да преземе индивидуални мерки, предупреди Бислимовски, додавајќи дека „најскапа енергија е онаа која ја немате“.
-Се следи ситуацијата и ќе преземеме мерки во рамки на своите надлежности. Владата кажа дека секоја разлика на поскапувањето на струјата ќе ја покрие, заклучи Бислимовски.