четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бислимовски зборува за Бит-коин, варење кафиња и колку граѓаните трошат струја, а не кажува како да се излезе од енергетската криза

Бислимовски зборува за Бит-коин, варење кафиња и колку граѓаните трошат струја, а не кажува како да се излезе од енергетската криза

Во „Утрински брифинг“ во Слободна ТВ, гостуваше претседател на Регулаторна комисија за енергетика Марко Бисломовски, кој во гостувањето критикуваше за копање на Бит-коинс крипто валутите, колку имало кражби на струја и нелегални приклучоци, па и до колку време им требаше на граѓаните да сварат кафе и потрошувачката на електрична енергија, но не кажа ништо за тоа како да се надмине енергетската криза.

-Осигурачите што се секој што ги има во својот дом, дозволува одредена снага на електрична енергија, одредена можност да се повлече од системот, и од тој аспект се ограничени прво што прават е ги променуваат осигурачите и не разбираат дека тоа е проблем, затоа шпто ако нашата инсталација е подготвена за одредена моќност, со осигурачите се прави проблем да има можен прекин, прегорување или несакани последици како пожар, вели Бислимовски.

Граѓаните забораваат дека ако бидат фатени во кражба на струја тоа е дело од Кривичниот законик и пред неколку дена само во Шуто Оризари се фатени во кражба и ќе одговараат согласно истиот, вели тој.

Бислимовски вели дека сето тоа е оптоварување на мрежата и создава проблеми на системот, а воедно има поплаки од граѓани „кафето го варев за пет минути, сега му треба подолго време“ , вели Бислимовски.

Од целото негово интервју главниот на РКЕ ги кажуваше неговите надлежности, ја утврди фактичката состојба на раскинување на договорите од снабдувачите, недоволното производство, лошата хидрологија, а време за плачење немало, биле одговорни производителите на електрична енергија кои требало да го зголемат производството затоа што домашното производство било подобро.

Најнови вести