понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Битка за СЈО: Јовески за да му „учини“ на Заев извади дури три писма на Катица, ама Боки за Рускоска не го перципира

Битка за СЈО: Јовески за да му „учини“ на Заев извади дури три писма на Катица, ама Боки за Рускоска не го перципира

Писмата ги крие како да се љубовни, но освен што ја штити Катица Јанева, застанува во заштита и на Вилма Рускоска.

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески во поход да го спаси СЈО, бродот кој потона и институцијата која се сруши откако беше обелоденето дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е вмешана во „Рекет“.

Јавноста дозна за писмото кое Јанева го има испратено од притвор и бараше од оној кој го има писмото истото да го покаже,

Јанева од Истражниот затвор во Шутка испратила писмо до тимот на обвинители со кое наредува сите предмети од СЈО да се предадат во Основното јавно обвинителство во Скопје.

Кога Јовески во македонското Собрание се соочи со ставовите на експертите и барање на политичарите и јавноста, наводно ги понесе трите писма на Јанева со себе. Но, од каде три? Нели беше само едно?

Не би биле изненадени ако испаднат и повеќе, но ќе бидеме шокирани ако некој конечно понесе одговорност за вакво самоволие.

Јовески е во битка да ја спаси Јанева дури и соочен со тоа дека не е законски начинот на кој го прави тоа. На расправата која деновиве се одржа во Собранието беше разнишано секое тврдење на власта, но и на обвинителот, во врска со овој закон.

Се чини дека Јовески ќе продолжи да го брани законот за јавно обвинителство, кој од експертите беше прогласен за неуставен. Ќе беше добро иста таква решителност да покажеше и по скандалозните обвинувања на сметка на Вилма Рускоска.

Боки 13 бара средба, на на Јовески не му се допаѓа темата!

Вчерашното рочиште за “Рекет“ беше прекинато откако и Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева се пожалија дека не им е добро. Првообвинетиот, на крајот на судското рочиште на судијката Николовска-Масевска, на лист хартија, ѝ предаде на рака напишано писмо до републичкиот обвинител Љубомир Јовески.

-Барам да бидам изведен пред Републичкиот обвинител. Се работи за наводите за кривичните пријави што ги најавив, рече Јовановски потенцирајќи дека, меѓу другото, станува збор и за пријавата за обвинителката Вилма Рускоска.

Тој јавно ја обвини велејќи дека има несоборливи докази за корупција тешка 4 милиони евра. Тие докази, Боки 13 сака да ги даде на обвинителот, но се чини тој избегнува да разговара на оваа тема. Бидејќи, откако Јовановски ќе достави докази за наводен криминал на Рускоска, следна која ќе дојде на распит треба да биде токму оваа обвинителка.

Рускоска и вчера, уште еднаш вадејќи се повика секој кој има сознанија за корупција да пријави. Но, оваа тема изгледа не е атрактивна за Јовески.

Каков закон бара Јовески?

Свои забелешки на предлогот на законот за јавното обвинителство на јавната дискусија организирана во Собранието на Македонија изложи и проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска, професор по Уставно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

-Предлог законот е лоша имитација на оној од 2007 година, да беше реформски ќе имавме сосема нов закон, а не лоша компилација од претходниот за кој имаше забелешки од Венецијанската комисија и истите да бидат вметнати во овој закон. Полтронско вметнување на одредби од забелешките од 2007 год. Ќе ви дадам еден пример ако, некоја девојка во 2007 побарала мислење од моден креатор за облека, дали после 13 години кога таа е веќе оформена жена би ја носела таа креација. Сметам дека предлагачот го користи овој закон да ги вдоми кадрите на СЈО, рече
Каракамишева.

Таа додава дека законот е против уставен и дека во ваква верзија не треба воопшто да се носи, туку да се изработи нов закон.

-Кога сме кај почитување на правото, ме интересира дали за овој предлог на закон е испочитуван Деловникот на Собранието, односно дали овој предлог на закон е официјално доставен до Собранието? Познато е дека за да има јавна дискусија предлогот на законот требал да помине прво читање во законодавно-правната комисија како матично работно тело. Седница на Собранието за прво читање на предлог на закон се одржува во рок од десет работни дена од денот на донесувањето на решението за свикување на седницата, но не подолго од 20 работни дена од денот на доставувањето на предлогот на законот до пратениците. Според член 144 од Деловникот, по општата расправа Собранието одлучува дали предлогот на законот може да се даде на второ читање. Ако Собранието одлучи дека предлогот на законот е прифатлив и може да се даде на натамошно читање се продолжува со законодавната постапка. Според член 145 за предлогот на закон кој е од поширок интерес, Собранието по општата расправа, може да одлучи по тој закон да се спроведе јавна дискусија и да определи матично работно тело што ќе ја организира јавната дискусија. Прашањето ми е зошто не е почитувана деловничката процедура, праша Каракамишева.

За професорот Александар Климовски работниот текст на законот е спротивен на Уставот, како и претходно законот за СЈО. За него носењето на овој закон нема врска со евроинтеграцискиот процес и не е услов за добивање датум. Тоа прашање, според него, ќе биде отворено кога ќе започнат разговорите за поглавјето за правосудство.

Универзитетскиот професор по право Гордан Калајџиев на јавна дискусија за Предлог законот за ЈО остро искритикува дека се смешни и дилетански одредбите во законот како и дека продолжувањето на постапките не е нова сезона од серијата „Френдс“.

-За оваа непотребна жртва која резултираше со фијаско во евроинтеграциите, резултираше во фијаско во донесување на законот . И во овој предлог закон има неколку многу нејасни одредби постапките ако тоа е идејата да продолжат истрагите, член 108 вели дека постапките треба да продолжат, WOW што е ова нова сезона на „Friends“, зошто обвинителот не го покаже писмото од Катица Јанева, и јас ќе го повикам уште еднаш обвинителот да го покаже писмото, зошто Катица не е суспендирана и тогаш и сега пишува кога ќе одела во притвор ќе се суспендирала, како можела Катица да му ги даде предметите на Марко, а можела да му даде на Јовески?, праша Калајџиев.

Тој вели дека кога ќе згасне овој закон за СЈО има суштински гаранции, не може да ги дадете само на друго обвинителство, се сложивме дека не може овој предлог закон да го згасне законот за СЈО, таму има последици и за обвинителите, не смее да се заборави дека има и стручни служби кои треба да бидат распределени во овој предлог закон не се гледа нивната судбина.

Најнови вести