вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бизнисменот Силјан Мицевски призна дека го финансирал СДСМ, а тоа не е пријавено во ревизорски извештај – ќе реагира ли ОЈО?

Бизнисменот Силјан Мицевски призна дека го финансирал СДСМ, а тоа не е пријавено во ревизорски извештај – ќе реагира ли ОЈО?

Предметот „Талир” продолжи денеска во Основниот кривичен суд Скопје со сведочење на бизнисменот Силјан Мицевски од Битола.

Мицевски сведочеше на предлог на обвинителката Ленче Ристоска, па доколку таа убаво го слушна што кажа, ќе мора да превземе понатамошни чекори.

Од Мицевски очигледно се очекуваше да биде ставен товар на опозициската партија која поради овој случај е со замрзнат имот долго време. Но, бизнисменот пред судот денес истакна дека тој го финансирал и СДСМ. Ова не е пријавено во ревизорскиот извештај!

Обвинителката Ристовска ја слушна оваа изјава, па ќе видиме дали ОЈО ќе подигне обвинение по допрен глас.

Во спротивно, ќе стане уште појасно дека овие случаи не се водат по закон, туку по нарачка.

Најнови вести