Водостоите на најголем дел од реките во земјава се пониски од просекот за мај и кај голем дел од нив бележат благо намалување во споредба со вчера.
Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), исклучок е реката Струмица на мерното место кај Сушево каде нивото е за пет сантиметри повисоко од просечното. Во споредба со вчера, пак, поголем водостој има реката Вардар на мерните места во Јегуновце, Скопје и Велес, како и Радика на мерното место кај Бошков Мост.
Поголем водостој од повеќегодишниот просека за овој месец има и Дојранското Езеро и тоа за 2,76 метри, додека нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се пониски од просечните. Водостојот на Охридското Езеро е понизок за 17 сантиметри, а на Преспанското Езеро за 1,63 метри иако за 12 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум. (МИА)