Водостоите на трите природни езера во земјава се исти како вчера, но нивото на Охридското Езеро е за еден сантиметар пониско од вообичаеното, кај Преспанското е пониско за 78 сантиметри, додека кај Дојранското Езеро е повисоко за 2,89 метри, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Водостоите на сите реки во земјава се пониски од просечните за февруари и се благо зголемени или исти со вчерашниот ден.