сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Блокада на одлуките на ООУ „Ванчо Прќе“ Делчево се додека не се обезбеди превоз за трите дечиња од с. Илиово

Блокада на одлуките на ООУ „Ванчо Прќе“ Делчево се додека не се обезбеди превоз за трите дечиња од с. Илиово

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во иднина ќе ги блокира и нема да гласа за одлуките во Советот на Општина Делчево на Основното Општинско Училиште “Ванчо Прќе” од Делчево, пишува Брегалнички.мк.

Причина за ваквата блокада е игнорантскиот однос на менаџментот на училиштето во врска со проблемот со превозот за трите дечиња кои што треба да посетуваат настава во ова училиште.

За проблемот со ревозот на своите три дечиња неколку пати реагираа и родителите кои што повеќе пати бараа решение на проблемот.

Непостоењето на соодветна современа сообраќајница по која би се реализирал законски предвидениот службен превоз за учениците од ова семејство од село Илиово е главниот проблем порад кој превозникот одбива да вози по црниот пат кој што поради неодржување не е безбеден за сообраќај. За изградба на ликалниот пат е директно надлежен делчевскиот градоначалник, но од страна на општината нема најава за таква работа. Така додека семејството со трите дечиња чека на решение на прблемот од страна на надежните локални власти, децата губат од наставата а институциите се закануваат на родителите дека ќе ги казнат поради тоа што не ги пуштаат дечињата на училиште.

За ваквата сотојба реагираат повеќе поединци кои што апелираат до наделжните да се реши овој проблем.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Најнови вести