Регионалниот пат Тетово – село Пирок е блокиран поради јавен собир, соопшти Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).
– Од 13:22 часот на регионалниот пат Тетово – село Пирок, поточно во непосредна близина на бензиска пумпа „Хит-Оил“ во село Палчиште, се одржува јавен собир со блокирање на сообраќајот на наведениот пат со поставување на возила на истиот, наведуваат од АМСМ.