недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Блокиран влезот и излезот на Неготино откај Гевгелија, пензионери со мирен протест бараат повисок стандард

Блокиран влезот и излезот на Неготино откај Гевгелија, пензионери со мирен протест бараат повисок стандард
МИА

Блокада на влезот и излезот на Неготино откај Гевгелија, поставија денеска пензионери со мирен протест и бараат повисок стандард.

– Бараме линеарно покачување на пензиите од по пет илјади денари, минималната пензија да биде 18 илјади денари. Бараме поголеми права и подостоинствен живот, рекоа пензионери на протестот.

Сообраќајот на лице место го регулира полицијата, а возилата се пренасочуваат кон алтернативни улици во градот. Се препуштаат итни случаи, а на оние што не им се чека, за Скопје и Гевгелија, одат преку Кавадарци.

Блокадата трае до десет часот.

Најнови вести