Во саботата, во Битола не функционираше македонската држава, вели поранешниот македонски амбасадор, Ивица Боцевски вечерва во дебатниот магазин „Клик Плус“ на телевизија Тв21 во однос на посетата на високата бугарска делегација предводена од премиерот, Кирил Петков и потпретседателката Јатова на отворањето на клубот Ванчо Михајлов.
„Во саботата во Битола не функционираше македонската држава. Тоа што револтира и што прави бесна реакција кај сите е тоа каде беше Петков во саботата? Во Македонија? Во Бугарија? Бележеше територија?“, прашува Боцевски.
Тој истакна дека таа посета не може да се смета за приватна, затоа што во дипломатијата посета на премиер и претседател се најавува, додека нашиот претседател и врховен командант реагира на социјалната мрежа Фејсбук.
-Некој кажа приватна посета, не постои правна посета на премиер и претседател. Така е во дипломатијата, се најавува посета на премиер и претседател. Нашиот претседател реагира на Фејсбук, врховен командант на војската. Ако има против таков чин нашиот претседател, требало да му каже на министерот Бујар Османи, не може да го одбие министерор „Извини, ќе им кажете да не доаѓаат“, вели Боцевски.
Тој ја посочува поранешната министерка за правда, Рената Дескоска која излезе со документ за кој вели дека во нејзино време било одбиено регистрација на здружение под името „Ванчо Михајлов“, при што прашува дали можеби поранешниот министер Бојан Маричиќ дозволил регистрација на тоа здружение.
-Министерката Рената Дескоска излезе со документ, црно на бело, таа одбила регистрирање на здружение под назив „Ванчо Михајлов“ и сега име три опции, што се случивало потоа. Или министерот Маричиќ дал дозвола, што е најверојатно или во Централен регистар го регистрирале здружението без потврда од министерството, или третото е дека онака, најбрутално си дошле Бугарите тука и ставиле назив „Ванчо Михајлов“, во што одбивам да верувам. Затоа што мислам дека се посериозни, истакна Боцевски.