петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Боцевски: Заев и Владата со преговорите со Бугарија ставаат динамит на темелите на идентитетот и државата

Боцевски: Заев и Владата со преговорите со Бугарија ставаат динамит на темелите на идентитетот и државата

Вие велите дека завршуваат митовите, а по краток период се носи декларација во собранието во Бугарија, рече поранешниот амбасадор Ивица Боцевски обраќајки се на поранешниот амбасадор Нано Ружин кои беа дел од дебатата на телевизија 24.

Според Боцевски не може да се преговара кога некој ве негира.

„Официјалниот јазик на републиката е југозападна писмена форма на бугарскиот јазик, Бугарите во моментов велат дека стандардизираниот бугарски јазик има две норми, има прва, стандардна бугарска и втората е скопската. Јас предлагам ние да имаме те. да донесеме декларација во Собрание кои се ставови на Македонија и дека се отфрлаат бугарските ставови кои не негираат“, вели Боцевски.

Боцевски укажа дека на маса треба да седнат сите партии и да се дебатира меѓудругото и за Бугарија.

„За што дискутира Заев со Бугарија, за што дискутира Бучковски. Еве ги гледаме, читаме бугарските позиции и за тоа ли треба Македонија да преговара“, рече Боцевски.

Според Боцевски се става динамит на македонскиот идентитет за само некој човек да добие избори.

„Не сакам никој да стави динамит во темелите на овој народ и на оваа држава. Бучковски не сака да дебатира. тајна не е кога се преговара за идентитет и јазик“, вели Боцевски.

Најнови вести