среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Богдановиќ за Курир: Работиме на проблемот со загадувањето, за парцелата кај ГТЦ ќе има промена на ДУП-от

Богдановиќ за Курир: Работиме на проблемот со загадувањето, за парцелата кај ГТЦ ќе има промена на ДУП-от

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, во интервју за КУРИР говори за работата и проектите кои ги спроведе за време на неговиот мандат.

Со него зборувавме и за проблемите со кои се соочуваат жителите како загадениот воздух, уништување на зеленилото, паркингот…

-Во врска со сечата на дрвјата, јас откако сме дојдени на територија на општина Центар, немаме чепнато ниту едно дрво, освен оние кои биле заболени и исушени, кои претставуваат опасност. Напротив, како општинска администрација веќе почнавме да ги обновуваме сите оние дрвореди кои беа уништени. Нашата цел е сета останата зелена површина, да се заштити. Најголемиот акцент се фрла на домакинствата, а тоа е спроведување на топлификациона и гасификациона мрежа, истакна Богдановиќ.

Граѓаните се жалат дека паркингот е скап, катните гаражи се речиси празни. Богдановиќ открива која е целта на локалната самоуправа за решавање на овие проблеми.

-Нашата цел е да го дестимулираме возењето на сообраќај. Веќе имаме одредена мерка, а тоа е субвенционирање на велосипеди, а сега од оваа година и на тротинети. Плус, целта ни е правење на инфраструктура. Со градот Скопје, во изминатиот период, во нашата и други општини, се направени над 4 километри велосипедски патеки, на места каде претходно диво паркирале возила. Тој процес ќе продолжи додека не ја обезбеди онаа потребна инфраструктура за граѓаните кои користат велосипед, тротинет или одат пешки, да имаат слободен простор за поминување, истакна Богдановиќ.

Градоначалникот на општина Центар најави дека ќе има нови комерцијални паркиралишта.

-Во план ни е оваа година да почнеме со изградба на еден монтажен паркинг, планираме изградба на уште еден монтажен паркинг во Градскиот парк, најави тој.

Целото интервју со Саша Богдановиќ, погледнете го во продолжение:

Најнови вести