вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Богоев на средба со претставниците на МАКАМ-ТРАНС

Богоев на средба со претставниците на МАКАМ-ТРАНС

Олеснувањето на трговијата и транспортот на стоки, модернизацијата на граничните премини, како и активностите кои Царинската управа ги спроведува во рамки на иницијативата Отворен Балкан, беа теми на денешната средба на директорот Богоев со претставниците на македонската транспортна асоцијација МАКАМ-ТРАНС, предводени од генералниот секретар Билјана Муратовска.

Од страна на асоцијацијата изразија задоволство во делот на мерките што Царинската управа во континуитет ги презема во насока на унапредување на царинските процедури преку поедноставување на постапките, со цел забрзан проток на стоки и намалување на трошоците за транспортните компании.

Континуираниот дијалог и соработката со бизнис заедницата е од голема важност во креирањето политики за унапредување на трговијата и транспортот.

Најнови вести