Движењето #Бојкотирам уставни промени повика на масовен Семакедонски протест, без говори и бина, со транспаренти и знамиња, пред Собранието на Македонија, на 9 јануари 2019 година (среда) со почеток во 12.00 часот за како што велат одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!
Во нивниот повик се вели: Ги повикуваме Претседателот на Републиката и пратениците да се приклучат на мирниот Семакедонски протест пред Собранието на Македонија! Движењето #Бојкотирам апелира, пратениците да не ги усвојат амандманите со кои се врши велепредавство на нацијата и државата, со кои Македонија станува територија без народ и историја, под диктат на Атина. На 9 јануари го повикуваме Претседателот на Републиката да ги спаси државата и нацијата од велепредавството на Владата и Собранието!