понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бојковски: Криминалната СДС не може да го сокрие фактот дека градоначалникот Коњановски само за една години од мандатот има реализирано проекти колку што СДС немаше ниту за 4

Бојковски: Криминалната СДС не може да го сокрие фактот дека градоначалникот Коњановски само за една години од мандатот има реализирано проекти колку што СДС немаше ниту за 4

СДС која на државно ниво секојдневно создава ценовни шокови за граѓаните, основните прехранбени намирници ги смета за луксуз, а преку криминал во здравството, уништува семејства за нечиј профит, упорно се обидува својата неспособност да ја замени со дефокусирање на јавноста од очигледните промени кон подобро на локално ниво, изјави на денешната прес-конференција Бојан Бојковски, координатор на советничка група во Советот на општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека тие манипулираат: 4 години не можат да го изградат затворениот базен кој го промовираа во Битола, гласаат против велосипедски патеки и напредок на градот, градоначалникот Тони Коњановски и локалната самоуправа предводена од ВМРО ДПМНЕ, секојдневно создаваат резултати, во интерес на битолчани.

Инфраструктурата која 4 години ја имаа заборавено, во изминатите две се обновува, реконструира и гради. Доказ за тоа се над 20 километри улици во урбаната и руралната средина на општината, кои за првпат или по повеќе од половина век добиваат коловоз и соодветни услови за живеење.

Наспроти ова, од СДС запаметено ќе остане цревото во Ротино и дрвеното мовче во Буковска населба.

СДС во Битола, не може да се помири ниту со Новиот парк во Нова Битола, ниту со поддршката за Авантуристичкиот парк на Пелистер, со поддршката за Копанки, со изградбата на нов кружен тек, кој е во завршна фаза, а уште помалку со експресно создадените европски услови во и околу Спортската сала „Боро Чурлевски“, достојни за ракометната Лига на шампиони.

Во својот очај, партијата која го уништува македонскиот идентитет, локално сака да го уништи културниот одблесок на Битола, кој повторно заживеа изминатите две години, низ бројни настани и манифестации.

Но, време е да се помират со фактот дека повеќе не се локална власт во Битола, а наскоро ќе заврши и нивното пустошење на централно ниво.

Градоначалникот Тони Коњановски и ВМРО ДПМНЕ само во првата година од мандатот реализираа многу повеќе проекти од тоа што направи СДС во 4 години.

За граѓаните, јасна е неспособноста и деструктивноста на СДС, по која ќе останат долго запаметени.

Затоа, разбирлива е нивната паника во Битола, која ги прави се побеспомошни, затоа што и самите знаат, дека уште долги години ќе бидат опозиција, како на локално, така и на централно ниво, изјави Бојковски.

Најнови вести