Денеска продолжува судењето за случајот „Рекет“. Пред почетокот на судењето Бојан Јовановски, познат уште и како Боки 13 ѝ дофрли на обвинителката Вилма Рускоска која во тој момент влезе во судницата. Поради недоличното однесување полицијата накратко го изнесе од судницата.
„Корумпирана обвинителке, Затоа што имам малигнитет вие со сила вршите тортура врз мене“- рече Јовановски.
На претходните рочишта, минатата недела, Јовановски изјави дека има силни докази за криминал тежок 4 милиони евра на Рускоска. Потоа испрати и писмо до јавниот обвинител Љубомир Јовески и барање да се сретне со него околу криминалот на Рускоска. До денешен ден, Јовески не најде за сходно да се сретне со Боки 13 и да ги слушне обвинувањата за Рускоска.