четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Боки 13 го нема, новото рочиште на „Рекет“ под знак прашање

Боки 13 го нема, новото рочиште на „Рекет“ под знак прашање

Во судницата го нема Бојан Јовановски – Боки 13 на денешното рочиште за случајот „Рекет“. Не е позната причината отсуството на Боки 13, односно дали станува збор за болест, или, пак ненавремено спроведување, извести ТВ 21.

Судијката Васка Николовска Масевска рече дека ќе се чека 30 минути за да се добијат информации што се случува со Бојан Јовановски, односно зошто не е навреме спроведен во судница и дали станува збор за некаков здравствен проблем или нешто друго. Доколку не биде присутен, рочиштето ќе биде одложено.

Во Истражниот затвор во шутка Боки 13 го прегледува друг лекар, бидејќи затворскиот, кој до сега му ја следеше здравствената состојба, се повредил.

На минатото рочиште за Рекет обвинетиот се пожали дека има рак на желудникот и дека здравствената состојба му е лоша. За околу половина час ќе се знае дали Рекет ќе продолжи денес или ќе биде одложено.

За денешното рочиште предвидено е да се презентираат пораките испраќани преку мрежата Вотсап.

Во судница присутна е обвинетата Катица Јанева со двајцата бранители, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска.

Најнови вести