На денешното судско рочиште за случајот „Рекет” се гледаат снимки кои до обвинителството ги достави сведокот Орце Камчев, пренесува „Фокус“.
Снимките траат по десетина секунди, а се обезбедени од неколку камери поставени во домот на Камчев.
На 20 февруари, во домот на Камчев сам доаѓа Зоран Милевски Кичеец, а потоа си оди. Вториот пат, во 15 и 34 часот доаѓа во придружба на Бојан Јовановски. По триесетина минути, односно точно во 16.10 часот, двајцата гости излегуваат од домот на бизнисменот Камчев, а Кичеец во раката носи торба „луј витон”. Откако излегуваат, влегуваат во портаколовиот џип на Кичеец, марка „тирок” а тој торбата ја остава на задното седиште, појаснуваше обвинителката Ивана Трајчева.
Судењето е во тек.