Откако пред еден час осомничениот Боки 13 за случајот Рекет пристигна во обвинителството да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска тој со комбе на Брзата помош беше изнесен од обвинителството.
Тој според очевидците бил симнат со количка по скалите по што бил качен во комбето придружуван од медицинскиот персонал на Брзата помош.
Инаку попладнево Боки 13, првоосомничениот во случајот „Рекет“ со полициска придружба од КПУ Затвор-Скопје каде што издржува мерка притвор, беше донесен во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.