петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Боки 13 останува во Шутка

Боки 13 останува во Шутка

Апелацискиот суд во Скопје ја одби жалбата на Бојан Јовановски-Боки 13 со која бараше да излезе од притвор за што нудеше и гаранција од 143 000 евра, потврдија од Апелација за „360 степени“.

Јавната седница, на која Боки и неговиот адвокат Сашко Дукоски бараа да се укине мерката притвор, се одржа во петокот.

Тогаш првпат тие понудија гаранција во која спаѓаат куќа не негов прв братучед, проценета на околу 102 000 евра и еден локал – деловен простор во истата куќа во сопственост на неговата мајка, Јасминка Јовановска, со вредност од околу 40 000 евра.

Најнови вести