среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Боки 13 пред операција која има висок ризик од смртност

Боки 13 пред операција која има висок ризик од смртност

Низа испитувања му се прават на Бојан Јовановски-Боки 13, по кои треба да се одлучи дали ќе му се отстрани желудникот, операција за која има висок ризик од смртност.

Двајца хирурзи ја разгледуваат секоја можност за да му се подобри здравствената состојба, откако тој беше хоспитализиран во болница. Докторот Божин Ефтимов за „А1он“ посочува дека прават обиди за да се подобри здравјето на Јовановски без операција, но испитувањата ќе го дадат конечниот одговор.

„Доколку не дојде до подобрување на здравствената состојба пациентот ќе мора да биде опериран. Се прават дополнителни медицински иследувања по кои ќе донесеме одлука“, вели хирургот Ефтимов за „А1он“.

Бојан Јовановски е хоспитализиран веќе една недела.

Најнови вести