Одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 за наредното рочиште за случајот „Рекет” за сведоци ги предложи Сергеј Варошлија, Јовче Ременски, сопругот на пратеничката Фросина Ременски и Дејан Панделески и други кои треба да ги обезбеди.
Судечкиот совет не го прифати предлогот за укинување на притворот на обвинетиот Јовановски и го одби како неоснован.
На денешното рочиште требаше да сведочат бизнисменот Владимир Тодоровиќ и сведокот Лидија Јаневска. Тодоровиќ бил во Бугарија, а Јаневска не добила покана, па рочиштетот е одложено.