петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Боки 13: Во СЈО имаше снимки од кои се слуша како Заев мести избори во Охрид

Боки 13: Во СЈО имаше снимки од кои се слуша како Заев мести избори во Охрид

Денешното сведочење на Бојан Јовановски во случајот „Рекет“ открива нови моменти за поврзаноста на тогашниот премиер, а сега лидер на СДСМ Зоран Заев со главните актери.

Јовановски рече дека овој предметот е од интерес на подземјето, а главна цел било рушење на 1ТВ и на СЈО. Истакна дека токму и тогашниот премиер Заев имал интерес да го снема СЈО.

„И самиот тогашен премиер Зоран Заев имаше интерес да го снема СЈО“, рече Боки додавајќи дека слушал снимени разговори кај Кичеец во кои се слушало како Заев зборувал за избори во Охрид.

Тогаш судијката го прекина Јовановски и му посочи да се држи до темата.

Јовановски во денешното сведочење посочи и дека Заев му кажал ќе има обвинение уште на 3 април 2019 година. Заев дури тврдел дека странски служби и обвинител знаат сѐ за случајот.

„Странски обвинител има отворена постапка против вас, ми рече Заев. Јас прв пријавив кај тогашниот министер за Оливер Спасовски дека сум сниман незаконски од Јордан Камчев, пред да биде пријавено во Обвинителството. Јас присуствував на разговори во кои Камчев сакаше да ја земе болницата ‘8-ми Септември’ во јавно приватно партнерство. Извесен Радивоје од Бугарија го учи и му помага на Камчев да ме снима и монтираниот случај да го пријават кај Заев“, рече Јовановски.

Всушност Јовановски со изјавата потврдува дека бил информиран оти постоеле веќе снимките од домот на Камчеви. Исто така, од овој исказ произлегува дека тогашниот премир Зоран Заев случајот во Јавното обвинителство го пријавил дури 20 дена откако го информирал „Боки 13“ дека има обвинителни материјали против него.

„Со Заев комуницирав подолги години. Сум бил симпатизер, но никогаш член на СДСМ. Кога дојде во мојата канцеларија ми кажа дека странски обвинител веќе има направено постапка. Бев уплашен и изманипулиран. Јас барав да комуницирам со Заев, и повторно ќе кажам штета што мојот телефон не се вештачи“, рече Јовановски.

Заев, до неодамна манипулираше со јавноста дека има каква било поврзаност со случајот и дека веднаш штом дознал го пријавил во Јавното обвинителство, иако никогаш не покажа записник за пријавата.

Но датумитте покажуваат нешто друго. Заев при крајот на минатата година на својот Фејсбук профил го објави датумот кога наводно го пријавил случајот. Тоа е 22 април 2019 година, односно цели 20 дена откако на Боки му кажа дека знае за рекетот.

-Проверив и ја известувам јавноста дека случајот „Рекет“ го пријавив на 22 април 2019 година, напиша Заев.

Заев никогаш не одговори зошто чекал 20 дена да го пријави случајот и дали имало пазарења помеѓу него и обвинетите во случајот.

Најнови вести