среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Боки 13 во животозагрозувачка состојба: Адвокатот алармира дека обвинетиот е жртва на тортура

Боки 13 во животозагрозувачка состојба: Адвокатот алармира дека обвинетиот е жртва на тортура

Адвокатот на Боки 13, Сашо Дуковски, предупредува дека здравствената состојба на неговиот клиент е животозагрозувачка. Обвинува дека обвинетиот во „Рекет“ е жртва на нечовечки третман и тортура, како и дека никој не превзема мерки.

Јовановски има неколку сериозни болести, а адвокатот вели дека особено сериозни се последиците од лекарската грешка по извршената операција подврзување, намалување на желудникот.

-Имајќи проблем со својата тежина и проблеми со кичмата се решава да изврши операција намалување на желудникот и подврзување со тенкото црево. Тоа е операција позната во светот. Проблемите тука почнуваат бидејќи на два пати неуспешно се спроведува операцијата. Од тогаш неговата ситуација се влошува од ден на ден, вели тој.

Дуковски вели дека кон неговиот клиент се постапува нечовечки.

-Поради здравствени проблеми со желудникот, храната и желудочната киселина се слева во дишните патишта кога тој лежи. Тогаш може да веднаш да почине. Доктор Зоран Спировски даде мислење итно болнички да биде згрижен Јовановски. Но тоа не се дозволува од затворскиот лекар кој му вели тој посебен режим да го спроведе во ќелијата каде што е сместен. На 14 октомври му е утврдено дека левиот бубрег не му функционира. Дадена му е антибиотска терапија со најак антибиотик. Низа лекари предлагаат во клинички услови да буде згрижен. Но, повторно ништо, не му се дава антибиотска терапија. До денес Јовановски 30 пати бил носен на лекарски интервенции. Здрав човек не се носи толку пати, нагласи Дуковски.

Дуковски рече дека дури и лекари од затворот и останатите служби разговарале и го омаловажувале со зборовите: “Па нека умре п*дерот”.

Бојан добива антибиотска терапија, која мора да биде извршена во клинички услови, но тоа не се прави.

-Судските органи упорно одбиваат да издадат решение за хоспитализирање на Јовановски. Ова се сериозни прекршоци на основните човекови права, изјави Дуковски и најави поднесување на неколку кривични пријави за сурово и нечовечко однесување.

 

 

Најнови вести