вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Боки призна: Првата средба со Силјан Мицевски ми ја организираше Кирацовски, тогаш генерален секретар на СДСМ

Боки призна: Првата средба со Силјан Мицевски ми ја организираше Кирацовски, тогаш генерален секретар на СДСМ

Проектот за изградба на станови не беше никаква измама или криминал туку реален проект. Како може да се помисли дека јас можам да го измамам еден Силјан Мицевски, истакна во воведните зборови Бојан Јовановски.

Како доказ тој го наведе фактот дека се слушнал со Мицевски на денот кога бил уапсен на граница.

-Ми рече, Бојанче, бидејќи така ме викаше, среќен пат и убаво да си поминеш-отрки Боки.

Тој рече дека првата средба со бизнисменот Мицевски ја организирал Александар Кирацовски, тогаш како генерален секретар на СДСМ, и оти на 4 јануари бил потпишан меморандум со Општина Битола.

Јавноста од сите ликови, се уште не дозна јасно кој е Кики во прикаската на Геровски, кој беше еден од оние кои ја обелоденија аферата Рекет. Сите останати ликови и се дефинитивно познати на македонската и пошироката јавност, само Кики остана мистерија…

Најнови вести