недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Болниците и здравствените установи веќе користат многу поскапа струја од ЕСМ Продажба наместо од слободен пазар како досега

Болниците и здравствените установи веќе користат многу поскапа струја од ЕСМ Продажба наместо од слободен пазар како досега

Болниците и здравствените установи во Македонија веќе користат електрична енергија од ЕСМ Продажба, наместо од слободниот пазар како што беше досега и која е многу поскапа, информираше Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, претпладнето во емисијата „Студио 10“ на ТВ24.

– ЕСМ Продажба веќе им обезбедува струја на болниците и тта е далеку пониска од пазарната цена. ЕСМ Продажба ќе биде конкуренција на слободниот пазар, започна со работа пред две години и мора да го научиме биде конкурентен, изјави Бислимовски.

Пред два дена премиерот Димитар Ковачевски рече дека е можно вклучување на институциите од здравствениот сектор кај ЕСМ Продажба и оти тоа нема во голем дел да влијае на зголемување на цената на струјата на регулираниот пазар.

– Таа мерка не е предложена еднострано. Знаете дека имаше седница на Економскиот совет во проширен состав на која покрај владините министри од економските ресори присуствуваа и сите директори на државни претпријатија од енергетскиот сектор, претставници наголеми приватни компании од енергетскиот сектор, стопански комори, академската заедница, РКЕ… и тогаш кажавме дека Министерството за економија заедно со АД ЕСМ треба да направат детална анализа во однос на вклчувањето на сите училишта на регулираниот пазар, потоа вклучување кај ЕСМ снабдување на институциите од здравствениот сектор со оглед на тоа дека тие плаќаат голем дел од нив на краен снабдувач и треба да се стават на посигурен снабдувач на електрична енергија – изјави премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање по посетата на Општата градска болница во Гостивар.

Најнови вести