среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Борисов: Ме плаши поделбата во Северна Македонија

Борисов: Ме плаши поделбата во Северна Македонија

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, на вчерашниот Самит во Солун рече дека е загрижен за тоа што во Северна Македонија не постои политички консензус за прогресот кон Европската унија, односно дека го плаши внатрешната поделба по ова прашање.

– Тоа што ме тревожи е поделбата на општеството во Република Северна Македонија по темата „Европска Унија“. Една држава треба да има многу јасна визија кај сите партии, од целата политичка елита, дека тоа е долг и макотрпен пат, рече Борисов во дел од својот говор.

Тој додаде дека ќе продолжи да му помага на македонскиот премиер Зоран Заев по таа насока и дека Македонија и Албанија треба да имаа огромна и јасна посветеност кон целта.

Најнови вести