четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Борисов објасни зошто Макрон е во право

Борисов објасни зошто Макрон е во право

Премиерот на соседна Бугарија, Бојко Борисов вчера на Бугарската телевизија (БТВ) изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон бил во право кога стави вето на одлуката за почеток на преговори за Македонија и Албанија, иако тој ја поддржува нашата земја во евроинтеграциите.

Според него, Макрон гледа понапред.

-Им дадов на колегите во Советот еден пример. Пред многу години, кога Борис Тадиќ беше претседател на Србија, сите ние многу сакавме Србија да започне преговори со ЕУ. Тогаш Саркози беше претседател на Франција. Саркози се сврте кон мене, и ми рече: ‘Бојко, ако во една држава нејзината ориентација зависи само од еден човек, тогаш таа држава не е за во ЕУ’. Јас тоа многу добро го запомнив и го цитирав таму, изјави Борисов.

Тој смета дека Скопје не доби датум поради анти-ЕУ опозиција.

Вели дека кај нас не се знае што ќе се случи ако дојде до смена на власта.

Сепак, не е исклучена можноста од ЕУ да има нова понуда за Западен Балкан.

Најнови вести