Утре наутро требаше да заминам на одмор. Одмор што го чекав цела година, како и сите. Меѓутоа ќе го одложам и утре се гледаме пред влада, истакнува еден од најдобрите македонски спортисти, Борко Ристовски.
„Ниту една политичка, верска или било каква разлика не смее да биде над Македонија и нејзините интереси. Затоа ве повикувам сите утре да ставиме крај на распродажбата на македонските интереси!
Македонија е сѐ што имаме
#оваЗлоМораДаСиЗамине
#МакедонијаВечна – напиша тој на социјалните мрежи.