четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бошњаковски: Додека нема ништо конкретно, нема да лицитираме со потенцијални имиња

Бошњаковски: Додека нема ништо конкретно, нема да лицитираме со потенцијални имиња

Не се разговара за потенцијално име. Се гради довербата меѓу двете влади, нов момент на пријателство, рече денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски во врска со разговорите меѓу Скопје и Атина за решавање на прашањето за името.

Одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата, Бошњаковски потенцира дека целта е прашањето да биде решено во интерес на сите.

– Преговорите се водат под покровителство на Обединетите нации, со посредство на Метју Нимиц. Процесот е јавен и транспарентен. Се додека нема ништо конкретно и специфично нема да лицитираме со потенцијални имиња, истакна Боишњаковски.

Најнови вести